Мафија продала “чисти“ обврзници вредни милијарда евра

49

Моќни италијански криминални групи издавале обврзници коишто ги купувале меѓународни инвеститори, објави Financial Times.

Инвеститорите, во период од 2015 до 2019 година, се продадени обврзници во висина од околу милијарда евра. Некои од обврзниците биле поврзани со лажни компании на калабриската мафија ‘Ndrangeta, позната како фамилија Монталбано.

Во еден случај, како инвеститор на такви обврзници се нашла и најголемата европска банка, Banca Generali, во трансакција за којашто како консултант се појавува Ernst and Young. Од банката соопштуваат дека не биле свесни дека зад тие обврзници стои било каква криминална активности, бидејќи тие се потпираат на посредници кои треба да го проверат портфолиото.

Ndrangeta во последните две децении стана една од најбогатите и најстрашни криминални групи во Италија. Се занимава со трговија со кокаин, перење пари, изнудување, шверц на оружје и слично.

Europol проценува дека активностите на оваа мафија создаваат промет од 44 милијарди евра годишно.

Фото: Freepik