„Мајкрософт“ инвестира 13 милијарди евра во ИТ инфраструктурата на Емиратите до крајот на 2029 година

Американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ објави дека до крајот на 2029 година ќе инвестира вкупно 13 милијарди евра во инфраструктурата за вештачка интелигенција и „облачни“ технологии на Обединетите Арапски Емирати.

Откако компанијата обезбеди лиценца за увоз на напредни компјутерски чипови во Емиратите, одлучи да ја зголеми својата инвестиција за уште шест милијарди и 800 милиони евра, изјави претседателот на компанијата Бредли Смит.

„Мајкрософт“ веќе инвестираше повеќе од шест милијарди евра во Емиратите до 2023 година.