Македонија 72-ра економски слободна земја во светот

22

mapa svet

Од 152 земји во светот, Македонија е 72-ра според економските слободи, покажуваат податоците во анализата на истражувачката организација Fraser Institute – Economic freedom of the world.

Елементите што се земени во предвид при анализата се однесуваат на големината на јавната администрација, функционирање на правниот систем, паричните текови, регулирање на кредитниот и пазарот на труд, како и регулирање на бизнисите.

Најслободни економски земји, според анализата, се Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Маурициус. Од друга страна, на дното се најдоа Алжир, Аргентина, Зимбабве, Конго и Венецуела, како земји со најниски економски слободи во светски рамки.

Од земјите во регионот, најдобро позиционирана е Црна Гора и се најде на 38-мо место, потоа следи Бугарија на две позиции подолу. Албанија 62-ра земја според економските слободи, на 70-та позиција се најде Хрватска, едно место подолу е Турција. Полошо позиционира од Македонија, кога станува збор за земјите од регионот, е Босна и Херцеговина на 80-то место, четири места подолу Турција. Словенија и Србија имаат најниски оценки за економските слободи и се позиционира на 105-то односно 117-то место.