Македонија го доби првиот Inner Wheel дистрикт

19

12421841_941077539294014_1754457639_n

Една од најголемите и највлијателни хуманитарни организации на жени во светот – Inner Wheel International ја прошири својата мрежа и во Македонија со формирањето на првиот Македонски Дистрикт 255.

На свеченост одржана викендов во Скопје, четирите локални клуба на жени членки во меѓународното семејство на Inner Wheel, се соединија во еден заеднички Македонски Дистрикт, што претставува висок ранг во рамките на оваа организација. Со тоа Inner Wheel клубовите од Македонија добиваат можност да директна соработка со централата на Inner Wheel, како и зголемени можности за поголемо вмрежување, соработката и ширење на хуманитарната работа со други вакви организации од целиот свет.

Претседателката на меѓународниот Inner Wheel, Шарлот де Вос, објавувајќи го македонскиот Дистрикт, истакна дека е горда што членките на Inner Wheel од Македонија се особено проактивни и посветени на хуманизмот и ширењето на добра волја и посветени секогаш да им помогнат на оние кои се маргинализирани или подзаборавени. На свеченоста во Скопје, присуствуваа гости од странство како и над 60 жени членки на Inner Wheel клубовите од Скопје, Битола, Велес и Куманово.