Македонија и Бугарија со специјален фонд за кредитирање на заеднички проекти

19

Финансиерите од Македонската и Бугарската банка за развој почнаа разговори за создавање на специјален фонд за кредитирање на заеднички проекти и подобрување на трговската размена меѓу двете земји.
Бугарската банка, како што е наведено во соопштението, е подготвена со краткорочни заеми да го финансира извозот на фирмите кон Македонија.
На иницијатива на Македонско-бугарската стопанска комора, директорите на двете државни банки и нивни експерти ги разгледуваат и иницијативите за зедничко финансирање или гаранции за покрупни инвестициски проекти од заемен интерес за двете економии, со можност за креирање на балкански продукт и бренд, стимулативен и профитабилен за извоз на трети пазари.