Македонија на 25-то место според Индексот на инклузивен развој на Светскиот економски форум

23

analiza-na-rast-pixabay

Фото: Pixabay

Светскиот економски форум (World economy forum – WEF) го претстави својот индекс на инклузивен развој (Inclusive development index), според којшто нашата земја се позиционираше на 25-то место меѓу 74 растечки економии во светот.

WEF направи две листи на економии – во едната влегуваат 29 напредни економии, а во другата се рангирани вкупно 74 економии во раст.

Првите пет позиции во првата листа се резервирани за: Норвешка, Исланд, Луксембург, Швајцарија и Данска. Во групата, во којашто Македонија е 25-та економија во светот, лидери се: Литванија, Унгарија, Азербејџан, Латвија и Полска. Од земјите во регионот, подобро рангирани се: Хрватска (7), Романија (10), Бугарија (11) и Турција (16). Зад Македонија се најдоа Албанија (28) и Србија (43).

Овој индекс има за цел да го покаже степенот на развиеност на една економија според животниот стандард и одржливоста. Предвид се зема квалитетот на живот, висината на платите и вработеноста, достапност на здравствена заштита, образование, социјална заштита и слично.