Македонија претставена како туристичка дестинација во Чиле

18

Република Македонија беше претставена како туристичка дестинација за Адвентуре Травел пред околу 700 туроператори и светски познати медиумски куќи на Самитот за активен туризам во Пуерто Варас во Чиле, пишува Миа.

На Самитот, кој се одржа од 5-ти до 9-ти овој месец, учествуваше и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски.

Тој пред учесниците на Самитот најави дека  во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, Република Македонија ќе биде домаќин на првата европска регионална конференција за активен туризам Adventure next Balkans, која ќе се одржи во мај 2016 година.

Конференцијата ќе се организира во соработка со Проектот на експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и од Владата на Швајцарија  – Проектот ИМЕ и Интернационалната асоцијација за активен туризам (АТТА).

АТТА – Интернационалната асоцијација за активен туризам е основана во 1990 година и опслужува повеќе од 1.000 членови во 90 земји во светот. Членови се претежно тур – оператори, туристички агенции, специјализирани агенти и медиуми кои имаат голем интерес за одржлив развој на авантуристички туризам, како пазар од 263 милијарди долари на годишно ниво.