Македонската асоцијација за цврст отпад домаќин на Инаугуративна свеченост

62

novo-jabolce

Од 28 до 30 октомври 2014 година, Македонската асоцијација за цврст отпад – МаSWA е домаќин на Инаугуративна свеченост и Конференција на тема “Вмрежување на Македонија во светските текови за управување со отпад”.

Инаугуративната прослава е проектирана во тридневни организирани настани кои ќе ги вмрежат заедно претставниците на Меѓународната организација за цврст отпад ISWA – International Solid Waste Association, интернационалните експерти, претставниците на македонската централна и локална власт, компании и поединци, како и воспоставување на директна поврзаност со светските текови на цврст отпад.

Индустријата на отпад зазема единствена позиција во националната стратегија за отпад, која предвидува комплекс од мерки со цел да се елиминираат или да се ублажат влијанијата врз животната средина и да се спроведе подготовката и реализацијата на интегриран и одржлив систем за управување со отпад, земајќи ги предвид клучните принципи на Европската Унија. Следејќи ги европските трендови за промовирање на одржлив развој и реализација на одржливо управување со отпадот во Македонија, конзорциум од шест правни лица дојде на идеја за формирање на Македонската асоцијација за цврст отпад – МаSWA.

Идејата е реализирана во декември 2013 година со формирање на МаSWA како невладина и непрофитна организација, со цел за доминација на практични стручни знаења и професионално управување со отпад. Веќе следната година МаSWA аплицира за полноправно национално членство во Меѓународната организација за цврст отпад ISWA – International Solid Waste Association.

На Интернационалната годишна конференција на ISWA во Сао Паоло Бразил, септември 2014 година, МаSWA добива позитивна оценка за членство под уставното име со почеток од наредната година.

Во согласност со овој мандат, МаSWA е официјален национален претставник на ISWA за Македонија и членка на ISWA Regional Development Networks кој ја покрива југоисточна Европа, Блискиот исток и Медитеранот.

Давајќи значење и вистинска вредност на настанот и идејата да го прошириме конзорциумот со нови членови, стручни лица, научници, професионалци од проектантски, урбанистички, консултантски компании, институти, менаџери на компании и јавни претпријатија, кои се занимаваат со различни аспекти со постапување со отпад, асоцијацијата е отворена за соработка со сите заинтересирани организации и поединци.