Македонската ИТ заедница беше дел од првата Endava Tech Flow конференција во земјава

20

endava-tech-flow-2

Повеќе од 170 ИТ професионалци, дипломци и ентузијасти од Македонија минатата недела учествуваа на првата Tech Flow конференција во земјава која се одржа во киното Фросина во Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот насловен Agile Best Practices беше отворен и бесплатен за сите заинтересирани и публиката слушна предавања на темата на агилниот софтверски развој. Конференцијата беше организирана од Ендава како дел од серијата на Tech Flow интернационални настани чија цел е се соберат на едно место ИТ професионалци и експерти од индустријата и да се прошират знаењата преку споделување на искуства, стои во соопштението.

Публиката во Скопје имаше шанса да ги слушне предавањата од реномираните интернационални и локални ИТ-експерти посветени на оваа проблематика: Џорџе Ангелаке, Габриел Преда, Алин Грама, Борис Ристов, Љупчо Крстевски и Игор Настоски.

Ангелаке, кој е раководител на агилна трансформација, на конференцијата посочи дека низ агилната трансформација во Ендава се идентификува, дефинира и имплементира миксот на процес, технологија и култура што пак го приближува бизнисот, развојот и оперативните тимови со што се овозможува брза испорака на производот и подобрување на квалитетот.

Фокусот на говорот на Алин Грама беше дека за да се биде агилен значи да се биде флексибилен и отворен кон промени.

“Треба да се цени секоја промена која ја сретнуваме по патот поради тоа што во неа се рефлектира сè што сме научиле дотогаш и ќе ни помогне подобро да го прилагодиме планот за да ја достигнеме финалната цел“, посочи Грама на Tech Flow.

Според Габриел Преда, агилноста е поврзана со еволуцијата и тоа како се надградуваш себеси во тек на патувањето преку тоа што постојано се адаптираш на бизнис средината, технологијата и проектната атмосфера кои пак постојано се менуваат.

Македонските експертите од Ендава: Борис Ристов, Љупчо Крстевски и Игор Настоски говореа за своите лични искуства и видувања при што публиката беше активно вклучена.

Agile Best Practices беше прва конференција од серијата на Tech Flow настани, а менаџерскиот тим на Ендава истакна дека во план е да се организираат и други настани на различни теми интересни за домашната ИТ заедница.

Agile Best Practices е прв од серијата на Tech Flow настани организирани од Ендава во Македонија.