Македонски Телеком со добивка од 329,9 милиони денари во првото тримесечје

38

telekom-logo

Македонски Телеком, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 329.931.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првиот квартал од 2016 година, телекомуникациската компанија оствари добивка од 250.491.000 денари.

“Приходите од продажба во првите три месеци од 2017 година изнесуваат 2.451.613.000 денари, што е намалување за 1,2% во споредба со истиот период од претходната година“, стои во Образложението за работењето на Македонски Телеком.

Од вкупниот износ, на домашен пазар се реализирани 2.285.343.000 денари, додека на пазари во странство се евидентирани 166.270.000 денари.