Македонските компании најмногу извезуваат на европските пазари

24

evropski pazar

Пазарите на земјите членки на Европската унија имаат најголемо учество во вкупниот извоз на компаниите од Македонија во 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

“Најголемо учество во структурата на извозот, имаат претпријатијата кои своите стоки ги извезуваат на пазарите на земјите членки на ЕУ. Претпријатијата кои му припаѓаат на секторот Индустрија имаат најголемо учество и според бројот на претпријатија – 44,7% и според реализираната вредност 88%. Пазарот на земјите членки на ЕУ и на страната на увозот се издвојува како најатрактивен. Вкупно 46,5% од претпријатијата, според бројот на претпријатијата, припаѓаат во секторот Трговија, а според реализираната вредност, претпријатијата од секторот Индустрија учествуваат најмногу со 53,1%“, стои во соопштението.

Најголемо учество од 32,7% во вредноста на извозот е реализирано од претпријатијата кои имаат од 10 до 14 земји партнери, а на страната на увозот најголемо учество од 53,1% во вредноста е реализирано од претпријатијата кои имаат 20 или повеќе земји партнери.

Според седиштето на претпријатијата, најголем извоз е регистриран во Скопскиот регион, 52,4%, а претпријатијата од овој регион имаат остварено и најголем увоз од 68,8%. Најмал обем на надворешно трговската размена е остварен од компании со седиште во Североисточниот регион.

На страната на извозот, микропретпријатијата (од еден до девет вработени) имаат најголемо учество во структурата на стоковната размена според бројот на компании и тие учествуваат во создавањето на вредноста на трговската размена во секторот трговија со 46%.

Големите претпријатија со над 250 вработени, покрај нивното незначително учество во структурата на размена според бројот на претпријатија, во создавањето на вредноста учествуваат со 62,9%. Ова учество се должи на претпријатијата од секторот Индустрија кои во вкупната структура со 71,2%.