Македонско-полски бизнис форум на жени претприемачи во Варшава

62

zeni-pretpriemaci

Фото: Pexels

Во Варшава од денеска до сабота ќе се одржува првиот македонско-полски бизнис форум на жени претприемачи со цел да се создадат поблиски економски контакти, можности за економска соработка и да се промовира македонскиот извоз во Полска.

Една од целите на форумот е да се привлечат и потенцијални инвестиции од Полска и да се согледаат полските искуства од користењето на структурните фондови на ЕУ и можностите за заеднички настап на компаниите од Македонија и Полска во трети земји, јавува Миа.

Во рамки на форумот планирано е да се одржат и повеќе средби и посети на организации, компании и комори. Ќе бидат презентирани и полски компании кои веќе работат на македонскиот пазар.

На форумот е најавено учество на жени претприемачи од Македонија и од Полска.