Макошпед прокнижи добивка од 11,4 милиони денари во 2016 година

makosped

Вкупна сеопфатна добивка за Макошпед од 11.401.000 денари, од први јануари до 31-ви декември 2016 година, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, шпедитерската компанија прикажа 4.751.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба, од јануари до декември 2016 година, достигнаа 70.144.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 69.495.000 денари, додека на пазари во странство се остварени 649.000 денари.

Макошпед се занимава со царинско застапување, секаков вид на транспорт, осигурување на стока при транспорт, увоз – извоз, маркетинг и складирање.