Макпромет минатата година ја заврши со 5,6 милиони денари добивка

40

makpromet

Компанијата Макпромет од Штип, од први јануари до 31-ви декември 2016 година, работеше со добивка во висина од 5.635.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, вкупната сеопфатна добивка на компанијата достигна 8.875.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во текот на 2016 година изнесуваа 24.916.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 24.107.000 денари, а остатокот од 809.000 денари е остварен на пазари во странство.

Макпромет е компанија којашто се занимава со производство на кондиторски производи, производство на леб и бели печива, графичка индустрија и трговија.