Компанијата Макпромет од Штип, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 12.310.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 12.317.000 денари.
Вкупните приходи од продажба за девет месеци изнесуваат 19.017.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 18.207.000 денари, додека на странски пазар отпаѓаат 810.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во период од јануари до септември лани беа на ниво од 13.659.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 12.738.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата беше 921.000 денари.
Основна дејност на Макпромет е производство на кондиторски производи, производство на леб и бели печива, графичка индустрија и трговија.