Малдиви со вакцини ќе привлекуваат туристи

37

За да привлечат повеќе туристи, за да ја закрепнат сопствената економија зависна од туризам, Малдиви во својата туристичка понуда имаат и вакцини за посетители.

Факт е дека скоро 67% од бруто домашниот производ на оваа земја директно или индиректно од туризам, па затоа тамошните власти прават големи напори да го зајакнат овој сектор што беше најтешко погоден поради пандемијата.

Министерот за туризам на оваа мала островска земја објави дека стратегијата за привлекување на туристи ќе се заснова на три V – посета (visit), вакцинација (vaccinate) и одмор (vacation). Не е прецизирано дали туристите ќе плаќаат за вакцини или тие ќе бидат бесплатни, но јасно ставил до знаење дека имаат доволна количина.

Оние кои доаѓаат на Малдиви за да се вакцинираат ќе може да влезат во земјата со негативен ПЦР тест, а оние кои веќе се вакцинирани и доаѓаат само на одмор нема да мора да се тестираат, пренесува CNBC.

Уште не е познато од кога ќе започне вакцинирање на туристите, бидејќи пред тоа мора целото население на Малдиви да ја прими вакцината. Досега 35% од населението ја примило првата доза. Меѓу туристичките работници, кои се најмногу изложени на ризик од зараза, имунизацијата е над 90%.

Малдивите за оваа година планираат 1,5 милиони туристи, а прекрасниот остров досега до посетиле 350.000 гости.

Фото: Pexels