Манифестација “Чаршијата и пријателите“

61

carsija

Чаршиски муабети, локум – забави, дегустирање сирења и вино, културни перформанси, бизнис средби, неформални контакти, дружење,… ќе понуди денешната манифестација “Чаршијата и пријателите“ што ја организираат Македонско – бугарската стопанска комора и Стопанската комора на северозападна Македонија со поддршка на Општина Чаир.

Идејата на бизнисмените е да ја промовираат иницијативата за правење македонски бренд од Старата скопска чаршија или, како што велат, Чаршијата да стане дел од регионалната алка на светската туристичка понуда.

“Во Чаршијата мора да се вратат старите семејни бизниси кои биле традиција и ја правеле препознатлива преку интензивно промовирање на економските вредности. Чаршијата не смее да остане локален предизвик, место кое само периодично ќе го буди интересот на граѓаните и туристите“, е ставот на стопанствениците.

“Можен ли е Кебаб фест како мултимедијален и бизнис проект за чаршиите – мостови на Балканот и Европа?“ и „Како до 2015-та“?, се некои од темите на кои ќе дебатираат поканетите бизнисмени, градоначалници, амбасадри, јавни личности,.. и сите, како што е најавено, ќе зборуваат на мајчин јазик.

Настанот ќе се одвива на повеќе локации низ Чаршијата, а посетителите ќе може да “одат“ по стазите на Кебаб-сокакот, да јадат десетка со кромид во “Пчела“, да дебатираат на отворено,… За културно-уметничкиот дел се задолжени познати имиња од домашната естрада.