МАПАС: Ажурирање и коригирање на личните податоците на членовите во вториот и третиот столб

19

Со цел точно и навремено доставување на редовните известувања, кои пензиските друштва, НЛБ Нов пензиски фонд и КБ Прво пензиско друштво ги доставуваат до своите членови, од особено значење е членовите на вториот и третиот столб да вршат ажурирање на своите лични податоци, апелираат од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС.

Пензиските друштва до своите членови еднаш годишно доставуваат извештај за пензиска заштеда на индивидуална сметка, на доброволна индивидуална сметка и на професионална сметка и извештај за инвестициско портфолио.

За ажурирање или коригирање на своите податоци, членовите на пензиските фондови потребно е да се обратат во пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд во кој членуваат и да пополнат Барање за ажурирање или корекција на личните податоци.

Од почетокот на 2015 година е воведе новост со која се овозможува членовите на пензиските фондови преку електронски систем на интернет страницата на пензиските друштва, да ги ажурираат или коригираат своите лични податоци.