Марк Лејланд нов генерален менаџер на Скопје Мериот Хотел

39

dsc_4684

Најголемиот ланец на хотели во светот, Мериот Интернационал, пред повеќе од една година ги отвори вратите на Скопје Мериот Хотел во нашата држава. Од почетокот на овој месец Скопје Мериот Хотел, којшто минатата година стана добитник и на наградата за најдобар бизнис хотел, Златна монета, го именуваше Британецот Марк Лејланд за нов генерален менаџер, стои во соопштението.

Марк Лејланд e професионалец со богата кариера во Мериот, којашто ја започнува уште во 2003-та година како менаџер за храна и пијалаци во хотелот во Абердин. Од тогаш тој бил на највисоки менаџерски функции во уште четири хотели на Мериот во Велика Британија. Неговото искуство и лидерските способности, како и забележителниот успех во работата, му овозможуваат да биде промовиран во генерален менаџер на Мериот хотелот во Јорк. Марк успева да го позиционира хотелот како рекордер во остварен приход за 2014 година. Потоа неговата кариера продолжува во Мериот хотелот во Портсмут каде продолжува со својата практика да руши рекорди во профит и продажба. Пред да дојде на челното место во Скопје Мериот Хотел тој се стекнува со дипломата Honours in Hospitality Business Management од Универзитетот во Лидс за потоа осум месеци да го збогатува искуството во елитните хотели низ Азија.

Тимот на Скопје Мериот Хотел надополнет со искусен лидер каков што е Марк Лејланд ќе продолжи со остварување на зацртаната стратегијата на еден од престижните брендови во светот за постојано унапредување и зацврстување на лидерската позиција на Мериот Интернационал во Македонија.