Marriott го гради највисокиот модуларен хотел во светот

27

Ланецот на хотели Marriott го гради најголемиот модуларен хотел во светот, којшто ќе биде лоциран во Менхетен, Њујорк.

Огромното здание ќе вклучува 168 соби, распоредени на 26 ката. Хотелот ќе се “склопува“ во фабрика во Полска и преку морски пат, ќе се испорача ноќно време на одредената локација наесен. АC Hotel се очекува да биде готов за 90 дена и да ги отвори вратите за гостите следната година пишува Bloomberg.

Модуларната конструкција овозможува побрзо отворање на нови капацитети, што е клучно за зголемување на приходот. Начинот заштедува време, од причина што може да се работи на локацијата додека собите се градат во фабриката.

Изградбата на AC Hotel е овозможена од Concord Hospitality на иницијатива на сопственикот Роберт Чун. Бенефитот од собите изградени во фабрика е тоа што истите се потивки. Во традиционалната конструкција хотелските соби обично ги дели ѕид, додека модуларниот дизајн вклучува “изолиран простор“, што не пропушта звук.

Фото Marriott