Бесконтакна машина за заштитни маски

59

На српскиот аеродром Никола Тесла е поставена машина за маски којашто им дава на патниците заштитна маска без да ја допираат машината.

“Ни беа потребни 30 дена за да направиме машина што може да работи на глас, од половина или еден метар дистанца. Втората опција е од еден до метар и половина корисникот да ја подигне десната рака и да управува со машината преку движење на раката“, вели Никола Вучичевиќ од компанијата 365 ADS за Танјуг.

За секој случај и за оние кои не можат да се снајдат без контакт на машината има екран на допир што постојано се дезинфицира за да може да добијат заштитна маска.

Фото: Freepik