МАСИТ ќе ги наградува домашните иновативни ИКТ решенија

22

poster-masit

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) организира избор на МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2018 година, стои во соопштението.

МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) првонаградените решенија ќе ги номинира на 2018 WITSA Global ICT Excellence Awards, што е еден од најголемите светски конгреси за ИТ што ќе се одржи од 19-ти до 21-ви февруари 2018 година во Xидерабад, Индија.

Повикот за учество во изборот е отворен за сите членки компании на МАСИТ, но и за ИКТ компаниите коишто сè уште не се дел од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии. Своите решенија компаниите може да ги номинираат во повеќе категории како што се: иновативни ИКТ решенија во јавниот сектор, решение за дигитални можности, решение за одржлив раст, изворедни мобилни решенија, иновативни решенија во здравството, WITSA награда за нови дигитални решенија, награда за дигитална инклузија.

WITSA 2018 Global ICT Excellence Awards ( http://www.nasscom.in/wcit-nilf2018/) е еден од најпрестижните глобални настани од ИТ областа, а компаниите коишто ја имаат можноста да присуствуваат и натпреваруваат на овој настан добиваат пристап до значајни партнери и вендори. Право на учество имаат сите ИКТ компании коишто ќе номинираат готови сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија. Решенијата може да се достават до комората најдоцна до 21.11.2017 година, а пријавените компании ќе ги презентираат своите решенија на јавен настан организиран од МАСИТ на којшто ќе биде извршен и изборот.

Повеќе информации за начинот на пријавување, учество и услови на следниов линк:  http://masit.org.mk/index.php/en/menu-title-4/362–2018.