Маск дава дополнителни шест месеци за отворање на новата фабрика во Германија

23

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск на својот тим во Германија му даде дополнителни шест месеци за да го почне производството во новата гигафабрика што е лоцирана во близина на Берлин, што ја прави прва фабрика од таков вид во Европа, пренесува Ројтерс.

Претходно, американскиот производител на електрични возила најави дека производството во фабриката во Берлин ќе почне на први јули, но поради одредени административни проблеми, но и заради изградба на фабрика за батерии, е одложен целиот проект.

Фото: Pixabay