Маск ги алармираше вработените – каков мејл им испрати овојпат

97

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, испрати мејл до вработените, предупредувајќи ги дека ќе мораат да ги контролираат трошоците за да го задржат профитот на компанијата овој квартал.

“Им должиме голема благодарност на инвеститорите за идната профитабилност, но ако во кој било момент проценат дека не ни оди добро на тоа поле, нашите акции ќе пропаднат за миг, како да би кршеле суфле со чекан“, навел Маск.

Како што пишува CNBC, акциите на производителите на електрични возила од САД продолжуваат да тргуваат на рекордни нивоа.

Според проценката на Маск, профитот во последниот квартал од 2020 година е можен само доколку вработените ги земат предвид трошоците на компанијата, кои не се малку. Оваа година, Тesla започна со изградба на две важни гигафабрики, во Тексас и близу Берлин (Германија).

Фото: Facebook