Маск го престигна Ворен Бафет на листата на најбогати луѓе

79

Вредноста на имотот на Илон Маск го надмина имотот на Ворен Бафет, со што извршниот директор на Tesla стана седми најбогат човек во светот.

Богатството на Маск се зголеми за 6,07 милијарди долари во петокот, објави Bloomberg, по зголемувањето на акциите од 10,8 %.

Вредноста на имотот на Бафет е намалена порано оваа недела, кога во добротворни цели донираше приближно 2,9 милијарди долари вредни акции на Berkshire Hathaway Inc на четири хуманитарни организации.

Основачот на Amazon, Џеф Безос е најбогат човек во светот со 180 милијарди долари, а ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс е втор со 116 милијарди долари.

Акциите на Tesla скокнаа за 500 % во текот на изминатата година, откако компанијата ја зголеми продажбата на Model 3.

Фото: Pixabay