Маск ќе вложи 30 милијарди долари во Starlink

38

Милијардерот Илон Маск неделава изјави дека на неговиот амбициозен проект Starlink ќе му требаат до 30 милијарди долари за да ја оствари својата првична идеја.

Маск досега распореди околу 1.500 сателити во т.н. ниска орбита, коишто на подалечните и помалку развиени области во светот треба да им обезбедат брз интернет.

Сепак, за да ја продолжат својата мисија од небото, на сателитите од Starlink ќе им бидат потребни уште пет о 10 милијарди долари пред проектот да започне да остварува приходи. Илон Маск изјави дека целокупната инвестиција во проектот би можела да достигне и до 30 милијарди долари. Моменталниот број на корисници изнесува 69.000, јавува Ројтерс.

Сепак, плановите на Илон Маск за наредните 12 месеци се бројот на корисници на брзиот интернет преку Starlink да достигне половина милион корисници. Тој во обраќањето на Светскиот конгрес за мобилна технологија, конференција за телекомуникациската индустрија во Барселона, рече дека до август годинава со неговите сателити ќе обезбеди интернет-покриеност на кое било место во светот, освен на Северниот и Јужниот Пол.

Фото: Facebook