Масовни откази во Велика Британија

69

Бројот на компании во Велика Британија коишто планираат да го намалат бројот на вработените во јуни е пет пати поголем одошто во истиот период лани, како последица од пандемијата, јавуваат тамошните медиуми.

Според нив, над 1.700 компании ја информирале британската влада за нивните планови за укинување на над 139.000 работни места, а истиот период лани 345 компании најавиле 24.000 откази.

Според законските прописи во Велика Британија, компаниите се должни да испратат информација ако планираат да укинат повеќе од 20 работни места до Службата за несолвентност.

Британската економија во првата половина од годината забележа пад од над 20% и покрај можностите за закрепнување, а централната банка наведува дека економската активност оваа година ќе биде за 9,5% пониска од онаа на почетокот.

Фото: Freepik