McDonald’s ќе прави вегетаријански бургери

McDonald’s објави дека следната година ќе претстави линија растителни производи кои ќе бидат замена за месо. McPlant ќе содржи бургери на база на растенија, алтернативи на пилешко и појадок сендвичи.

Возбудени сме поради оваа можност, затоа што веруваме дека имаме докажано вкусен производ“, изјави Ијан Борден, кој раководи со меѓународните операции на McDonald’s .

Сепак, McDonald’s релативно доцна се придружува на овој пазар, бидејќи конкурентите како Burger King веќе имаат внесено во понудата бургери на база на растенија. McDonald’s и натаму најмногу се потпира на своите главни производи Big Mac, McNuggets и помфрит, на кои отпаѓаат 70% од продажбите на неговите клучни пазари.

Фото: facebook