McDonald’s во Нови Сад казнет поради дискриминација

26

mcdonaldsКомпанијата Најсфудс ресторани, која управува со рестораните McDonald’s во Србија, ќе мора да плати 869 евра поради дискриминација на Роми, одлучи судот за прекршоци во Нови Сад, јавува РТС.

Обезбедувањето на McDonald’s на 10 јули 2012 година им забранило на три деца од ромска националност да влезат во ресторанот во центарот на Нови Сад.

Компанијата Најсфудс ресторани има право на жалба. Според наводите на претставник на McDonald’s, ставот е дека во ресторанот не можат да влегуваат луѓе кои просат, кои го реметат елементарниот ред, хигиенски се запуштени и не можат да се контролираат и тоа нема никаква врска со нивната националност.