Мегапроект за Хрватска – ќе бидат потребни 100.000 луѓе годишно

186

Обновата на Загреб и околината по земјотресот е мегапроект којшто чини 5,5 милијарди евра, изјави деканот на Градежниот факултет, Стјепан Лакушиќ.

“Само за Загреб ќе бидат потребни 100.000 луѓе годишно кои ќе работат на обнова“, рече Лакушиќ.

Гостувајќи во емисија на хрватско радио, тој истакна дека ќе треба да се започне со подготовка и преквалификација на луѓето со цел бројот на работници да биде доволен за обновување, додавајќи дека 2021 година ќе биде година на прилагодување. Тој исто така оцени дека Хрватска доцни со почетокот на реконструкцијата, пренесува Пословни дневник.

Марија Чагаљ, потпретседател на Хрватската трговска комора за градежништво, сообраќај и комуникации, изрази верување дека луѓето кои ја напуштиле Хрватска ќе се вратат кога ќе видат дека таму има безбедна работа во следните 10 години.

Фото: Pixabay