Меморандум за соработка меѓу македонскиот и холандскиот катастар

43

katastar-580x266

Размена на знаења и искуства со цел продлабочување на 10-годишната соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија и холандскиот Катастар предвидува денеска потпишаниот Меморандум помеѓу двете институции, пишува Миа.

Со Меморандумот, како што вели директорот на Катастарот Славче Трпевски, посебно се издвоени проектите 3Д катастар, е – земјишна администрација, земјишната администрација како решение за социјалните проблеми и прашања.

“Со тоа се потенцира и соработката за подобрување на капацитетите при имплементацијата на националната инфраструктура на просторни податоци, топографските карти, понатамошниот развој на инфраструктурниот катастар и сите прашања што произлегуваат од правните аспекти поврзани со хипотеки и закупнини на станови во катастарската база на податоци“, појасни Трпевски.

Хендрик Вестенбег, претставник на холандскиот Катастар оцени дека Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија постигна голем развој во повеќе области.

“Во изминатата деценија соработувавме многу успешно во многу области. Во овие 10 години македонскиот Катастар покажа високо ниво за да преземе знаење и искуство од другите држави како што е Холандија. Сакаме да му честитаме на Катастарот за брзите промени што беа спроведени“, посочи Вестербег.