МЕПСО гради двосистемски далновод во Битола

24

Компанијата МЕПСО денеска започна со поставување проводници од новиот двосистемски 110 kW далновод кој ги поврзува трансформаторските станици ТС Битола 3 до ТС Битола 4, инвестиција вредна 2,3 милиони евра која опфаќа изградба на 12 километри комбиниран далновод поставен на 44 столбни места и дополнителни 600 метри подземен двосистемски кабел.

“Овој далекувод системски е многу важен, бидејќи со него ќе создадеме енергетски прстен околу трите битолски трансформаторски станици кои се на преносната мрежа. Со овој проект воедно значително ќе ја зголемиме доверливоста на нашиот електроенергетски систем и стабилноста на нашата преносна мрежа“, рече денеска Никола Стојанов, портпарол на АД МЕПСО.

Во функција на проектот, веќе се изградени и опремени со високонапонска опрема пет далекуводни полиња од кои две во трансформаторските станици Битола 2 и Битола 3 и едно далекуводно поле во ТС Битола 1.

“Во пелагонискиот регион се наоѓа најголемиот производител на електрична енергија во нашата држава, а со енергетскиот прстен околу Битола ќе ги сведиме на нула сите можни ризици од испад и без напонски состојби“, рече Стојанов.