Mercedes ќе инвестира 141 милиони евра за производство на електрични возила во Унгарија

120

Германскиот производител на автомобили Mercedes – Benz ќе инвестира 141 милиони евра во својата фабрика во Кечкемет во централна Унгарија. Ова гo изјави унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

Со оваа инвестиција, германската компанија ќе додаде целосно електрични возила во својот опсег на производство во Кечкемет.

Тој додаде дека владата ќе ја поддржи оваа инвестиција, која ќе ја “зацементира иднината на повеќе од 4.400 работни места“.