Меркел и порача на Словенија да си ги среди банките

23

merkelГерманскиот канцелар Ангела Меркел ја предупреди Словенија дека мора да си го среди банкарскиот систем од кој потекнуваат економските проблеми на земјата.

“Исклучително е важно словенечките кредитни институти да ја вратат довербата на меѓународните инвеститори”, изјави Меркел и додаде дека поради тоа словенечките банки мораат што побрзо да направат стрес тестови кои се индикатор за стабилноста на банките, пренесува Дојче Веле.

Меркел ги поддржа настојувањата на словенечката влада за што побрзо спроведување на потребните реформи, а како еден од инструментите ја пофали иницијативата за приватизација и додаде дека се надева дека во приватизацијата улога ќе одиграат и германските претприемачи.