Меркел ќе ги ограничува бонусите на менаџерите

28

germanija bonusiГерманскиот канцелар Ангела Меркел најави дека акционерите ќе добијат поголема улога во одлучувањето за наградување на менаџерите.

“Превисоките награди не смеат да се толерираат во слободно и социјално освестено општество”, изјави Меркел додека го најавуваше предлог законот со кој ќе се ограничат платите на менаџерите во јавните акционерски друштва. Законот би требало да биде прифатен во текот на оваа пролет.

Сега акционерите на германските компании кои котираат на берзата имаат само советодавна улога при одлучувањето за наградите на менаџерите. Со новиот закон тоа ќе се промени.

Овој потег на Меркел е последица на незадоволството во јавноста, особено по изјавата на член на извршниот одбор на Фолксваген дека не е праведно што за 2012 година примил доход од “само шест милиони евра”. Собранието на Фолксваген на целата Управа им ги намали приходите за една петтина и покрај успешната година.

На почетокот на месецов, во Швајцарија се одржа референдум на кој 68% од гласачите се изјаснија за ограничување на платите и отпремнините на менаџерите во компаниите кои котираат на берзата.

Швајцарците со право на глас одлучија сопствениците на акции во компаниите да имаат право да одлучуваат за висината на платите на директорите, а забранети се т.н. “златни падобрани”, односно огромни отпремнини кои се исплаќаат на директорите откако ќе ја нашуштат компанијата. Изгласано е и да се ограничат директорските мандати на една година.