Меркел сака да се затворат баровите, рестораните и фитнес центрите

51

Германската канцеларка, Ангела Меркел сака со премиерите на сојузните покраини да договори затворање на сите ресторани и барови до четврти ноември за да се запре ширењето на пандемијата, а според нацрт предлогот, ќе работат само училиштата и детските градинки.

Според документот, луѓето би можеле да излегуваат само со членови од домаќинството во кое живеат, а се предвидуваат и казни за оние кои нема да ги почитуваат правилата.

Доколку премиерите на 16-те покраини ги прифатат предложените мерки, тогаш клуч на врата ќе се стави и на фитнес центрите, клубови и кино сали, а нема да се одржуваат ниту претстави или концерти.

Продавниците ќе останат отворени доколку ги почитуваат строгите мерки за хигиена и ограничување на бројот на купувачи, а рестораните ќе можат само да вршат достава на храна.

Фото: Freepik