Меркел заработува многу помалку од европските административци

23

German Chancellor Angela Merkel reacts at a news conference after an energy "summit" with German state premiers at the Chancellery in BerlinБриселскиот магазин European Voice пишува текст за месечните плати на административците на Европската унија, напоменувајќи дека нивните примања често пати се значително повисоки од оние на познатите лидери на меѓународни организации и институции, но и на државниците на најбогатите земји од светот.

Според овој магазин, месечната плата на пратениците во Европскиот парламент е 7.057 евра, додека европските комесари и членови на Европскиот суд на правдата имаат месечна плата од 21.275 евра, односно имаат годишна плата од 255.300 евра.

Најдобро платен функционер на Европската унија е актуелниот претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, кој месечно заработува по 31.177 евра, односно 374.124 евра на годишно ниво.

Од друга страна, германската канцеларка и поголемиот дел од тамошните министри заработуваат многу помалку во однос на функционерите во европските институции.

Така на пример, годишната заработка на германската канцеларка, Ангела Меркел, е 204.192 евра и за 21% пониска од платата на Драги.

Годишната плата на британскиот премиер, Дејвид Камерон, е 173.323 евра, што е 34% помалку од платите на европските комесари.

Исто така, многу функционери во угледни меѓународни институции заработуваат помалку од административците на Унијата.

Годишната плата на најдобро платениот висок претставник на Обединетите нации, генералниот секретар Бан Ки Мун, е за 7,5% пониска од платата на европските комесари и за 27% пониска од онаа на Драги.