Метал кој може да го надмине златото по побарувачка

396

Важноста на златото како фактор на економска стабилност во време на криза е широко позната, меѓутоа во последните месеци има зголемена побарувачка и за други метали.

Имено, среброто исто така се покажа како безбедно прибежиште и некои инвеститори дури очекуваат да го надмине жолтиот метал.

Според Институтот за сребро, побарувачката за сребрени монети пораснала за 65 % во текот на првите три квартали од оваа година во споредба со истиот период минатата година. Ова се должи на зголемената продажба на двата клучни пазари на монети – САД и Германија, при што и двете земји забележаа значителен двоцифрен профит во првите девет месеци.

Залихите на сребро се зголемиле за 297 милиони унци во овој период, што е скоро тројно поголем раст во споредба со истиот период минатата година.

Растот на американскиот и германскиот пазар е делумно неутрализиран од послабата побарувачка во Индија, особено во последните месеци.

И покрај тоа, долгорочните прогнози велат дека дури и со споменатиот раст што се случува во моментов, индустријата за сребро ќе забележи вкупен пад од 10 %на годишно ниво во 2020 година.

Драматичните политики за монетарно олеснување и мерките за фискален стимул спроведени на неколку клучни пазари, и потенцијално повторно во САД до крајот на годината, може да ги зголемат очекувањата за инфлација, продолжувајќи да им даваат вредност на благородните метали, заклучуваат во Институтот.

Фото: Pixabay