Метар квадратен во Њујорк чини 33.800 евра

71

187544194Според годишниот извештај на компанијата Cushman & Wakefield, Горната Петта Авенија во Менхетен, Њујорк останува најскапиот малопродажен пазар во светот, каде еден метар квадратен достигнува цена и до 33.800 евра, јавува Bloomberg.

Петтата Авенија во Њујорк и понатаму е на првото место на листата благодарение на добро развиениот туризам што им помага на продавачите да привлечат купувачи.

На второ место се наоѓа шопинг областа во Хонг Конг Causeway Bay со цени што достигнуваат до 23.200 евра за метар квадратен. Трета е париската Avenue des Champs – Elysees, каде за метар квадратен се плаќа 13.250 евра, по што следуваат New Bond Street во Лондон и Via Montenapoleone во Милано.