Michelin укинува 2.300 работни места

38

Францускиот производител на гуми, Michelin објави дека ќе скрати 2.300 работни места во следните три години како дел од планот за зајакнување на конкурентноста во Франција, со напомена дека нема да има отпуштања или затворање на фабрики.

Вредноста на акциите на Michelin падна за 0,7% на париската берза по објавувањето на оваа информација.

Француската компанија со тоа ќе го намали бројот на своите работници за близу 2% на глобално ниво. Пандемијата на коронавирусот сериозно ја погоди автомобилската индустрија, која е веќе оптоварена со префрлување на електрични возила од автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Michelin соопшти дека намалувањата ќе опфатат 1.100 позиции во канцелариите и 1.200 во фабриките. Беше забележано дека близу 60% од намалувањата ќе се засноваат на доброволно предвремено пензионирање.

Фото: Facebook