Microsoft патентира нов систем за рударење крипто валути

79

Технолошкиот гигант Microsoft пријави патент за нов систем за рударење на крипто валути, а станува збор за начин којшто би им овозможил на корисниците да дојдат до дигитални валути со помош на податоци за телесни активности.

Патентот го носи името Cryptocurrency system using body activity data, а значи дека за процесот на таканаречено рударење нема да биде потребна скапа опрема, под услов она што предвидува патентот да се исполни.

Како телесни активности се мозочни бранови или телесна топлина што корисниците ја емитуваат во текот на извршување на некоја “рударска“ задача, којшто претходно ја добиваат од провајдерот, ќе им послужи за набавка на крипто валути, а во прашање се активности како гледање реклами преку посебно прилагоден интернет сервис.

За да почне процесот, неопходно е корисникот да добие задача што е поврзана со соодветниот сервер. Специјален сензор ја детектира телесната активност на корисникот, а системот потоа проценува дали регистрираните активности ги задоволуваат условите за “рударење“. Системот на крајот до наградува корисникот чии телесни активности ги задоволуваат пропишаните услови, за да можат да добијат дел од својата крипто валута.

Фото: Pixabay