Акциите на Microsoft нагло паднаа откако вчера сојузниот судија нареди привремено прекинување на договорот за Joint Enterprise Defense Infrastructure (JEDI) којшто Пентагон ѝ го додели на оваа компанија минатата година.
Технолошкиот гигант изгуби 17 милијарди долари пазарна вредност за само пет минути како резултат на падот на берзата.
Пазарната вредност на Microsoft сега е околу 1,4 илјади милијарди долари, покажуваат податоците на Bloomberg.
Тоа е трета највредна компанија на светот зад Apple и Saudi Aramco коишто вредат 1,43 илјади милијарди долари и 1,77 илјади милијарди долари.
Привремена одлука на судот
Судот донесе одлука откако Amazon минатата недела поднесе барање Министерството за одбрана да го прекине договорот вреден 10 милијарди долари.
Целта на проектот е да се изгради облак (cloud) за чување и управување со чувствителни воени и одбранбени податоци. Пентагон го додели овој проект на Microsoft, со што го отстрани од играта Amazon кoјшто важеше за фаворит. По загубата, Amazon се обиде да ја оспори одлуката, обвинувајќи го Пентагон за пристрасност.
Судот одлучи да ја прекине доделувањето на проектот додека трае правната битка на великаните за овој договор.
Фото: Pixabay