Mикро и мали компании од цела Македонија имаа можност преку вмрежување да остварат соработка

14

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, денеска беше домаќин на Б2Б вмрежување меѓу компании од регионите Пелагонија, Југозападен, Источен, Североисточен, Полог и Скопје, што се одржа во Центарот ЦЕЕД во Скопје.

IMG_4854

“Имајќи во предвид дека зголемувањето на продажбата е од круцијално значење за растот на микро и мали компании, во рамките на Проектот организираме многу вакви настани за вмрежување како денешниот, како помеѓу регионите во Македонија, така и на меѓународно ниво. Од почетокот на Проектот до сега, евидентирани се 169 остварени соработки меѓу учесниците, иницирани токму на вакви настани како овој. Верувам дека ваквиот тренд ќе продолжи и ќе бидеме сведоци на уште многу нови соработки и партнерства”, изјави заменик директорот на Проектот, Билјана Дамевска.

Целта на настанот е вмрежување меѓу сите учесници во Проектот. На вакви бизнис средби, тие имаат можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи/услуги и најважно од сè, да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки.

1

“Вмрежувањето е многу важен сегмент во бизнисот. Денеска ќе сретнете претприемачи од други делови на земјата, ќе размените искуства и идеи, ќе сретнете потенцијални партнери. Релациите што ќе ги воспоставите сега можеби ќе ги сметате за привремени, но нашето искуство покажува дека е голема можноста да се развијат во продуктивни, долготрајни бизнис релации”, изјави Татјана Марковска, менаџер од канцеларијата на УСАИД за економски развој.

Настаните за вмрежување се една од главните активности на Проектот за поттикнување на продажбата меѓу претприемачите од различни делови од Македонија. На настани како овој, учесниците создаваат нови релации и воспоставуваат соработки.

“Живееме во време кога препораките се многу важни за водење бизнис. Вмрежувањето игра главна улога во воспоставувањето контакти што ќе ви помогнат да го забрзате и одржите успехот. Затоа создавајте релации и негувајте ги”, изјави Анета Дамјановска, координатор на Националната програма, Амбасада на Швајцарија во Република Македонија.

2

Започнат од УСАИД во јули 2011 година, сега кофинансиран од Владата на Швајцарија, Проектот за микро и мали претпријатија, во вредност од 3,079,400 милиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на проектот се имплементираат во осум региони, на целата територија на Македонија. ЦЕЕД Македонија е имплементатор на Проектот и е една од институциите во наследство на УСАИД.