Милионерите кои сами ги заработиле своите пари не ги прават овие три работи

578

Интервјуирајќи повеќе од 500 милионери и изучувајќи ги нивните навики, Томас Стенли, автор на книгата The Millionaire Next Door, откри дека повеќето од нив се штедливи. Многумина од нив не фрлаат пари на луксузни работи, туку се трудат паметно да ги инвестираат.

Исто така, откри дека меѓу оние кои така се однесуваат повеќе од 80% се оние кои богатството сами го заработиле, а не го наследиле, пишува Business Insider.

Ова се нивните заеднички навики:

Немаат паричник полн со  ексклузивни кредитни картички

Тие немаат паричник полн со  ексклузивни кредитни картички. Според истражувањето на Стенли, оние кои сами го заработиле богатството не трошат на скапо одржување на кредитни картички, туку користат поевтини варијанти.

Не купуваат скапи подароци за децата

Милионерите се секогаш подготвени да издвојат пари за образование, за себе и за своите деца. Но, многумина знаат да речат “доста“ кога е во прашање подршката која ја даваат на своите возрасни деца. Знаат дека претераното дарување може да штети. Ретко подаруваат луксузни подароци, а најчесто им помагаат пти купување на куќа.

Не трошат многу време на водење на своите инвестиции

Стенли откри дека поседувањето акции е суштински дел од стратегиите за богатство на повеќето милионери – околу 95% поседуваат акции. И откри дека повеќето имаат најмалку 20% од своето богатство инвестирано на берза. Но, повеќето од милионерите што ги анкетираше не ги “допираат“ нивните инвестиции многу често. 

Милионерите имаат тенденција да купуваат и држат акции многу години. Тоа значи дека тие не треба да трошат часови секоја недела, па дури и секој месец управувајќи со своите инвестиции. За повеќето милионери, инвестирањето е едноставен, практичен процес.

Фото: Freepik