Минатата година во општина Илинден се продале 136 градежни парцели

47

A6A78244CA3AC8479A0572EA7B59E2AEМинатата година преку електронско јавно наддавање општина Илинден продаде 136 градежни парцели, со вкупна површина од 226.937 метри квадратни.

Според денешното соопштение на општината, најголем интерес имало за градежните парцели во новата населба за домување Јака. Најзаинтерсирани биле жителите од општината, од соседните општини, но имало и од многу други градови од државава.

Од вкупниот број купени градежни парцели, 117 со површина од 50.690 метри квадратни ќе послужат за изградба на семејни куќи, додека 19 градежни парцели со вкупна површина од 176.247 метри квадратни ќе бидат искористени за нови стопански објекти.

“По локалните избори Општина Илинден ќе продолжи со отуѓување на градежни парцели за изградба на нови стопански објекти во деветте локални економски зони, како и со реализација на Проектот за продажба на 500 парцели за изградба на семејни куќи во новата населба Јака. Новата населба се наоѓа на само 10 километри од центарот на главниот град, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири”, се вели во соопштението.