Минхен нов домаќин на IAA наместо Франкфурт

38

Баварската престолнина во иднина ќе биде домаќин на Салонот за автомобили којшто со децении наназад традиционално во тандем со Париз, се одржуваше во Франкфурт, објави Асоцијацијата на германски производители на автомобили (VDA).

Изборот за Минхен да ја добие честа да го организира овој настан е мало изненадување со оглед на тоа дека другите градови кои кандидираа за IAA беа сметани за фаворити во трката за наследник на Франкфурт.

Веќе неколку години се води сериозна дебата околу тоа како ќе изгледа следниот Салон за автомобили во Германија и дали воопшто ќе постои. Во јануари беше потврдено официјално од страна на VDA дека Франкфурт по 70 години традиција нема повеќе да биде домаќин на IAA, а како потенцијални градови наследници се споменуваа Берлин, Хамбург и Минхен.

Меѓународната автомобилска изложба (International Automobile Exhibition – IAA), како што е официјалниот назив на настанот, во текот на изминатите години доживеа пад на популарноста, па така од 931.000 посетители во 2015 година, бројката падна на 550.000 во 2019 година.

Преземено од Avtoplus.mk