Министерството за финансии враќа 20 милиони евра во стопанството

12

hand-giving-euro-banknotes-moneyПреку државни записи на нето-основа Министерството за финансии ќе врати 1,215 милијарда денари (20 милиони евра) во стопанството.

Министерството денес, по основ на доспеани записи ќе исплати 3,5 милијарди денари, додека на вчерашната аукција запиша 2,285 милијарди денари, или 1,215 денари помалку.

Овие 20 милиони евра ќе бидат вратени во стопанството за подобрување на ликвидноста на фирмите и граѓаните.

Во соопштението се додава дека со ова Министерството за финансии продолжува да го поддржува домашното стопанство преку подобрување на ликвидноста.