Mirrow Provocator – мал и револуционерен руски градски автомобил

30

mirrow provocator

Mirrow Provocator е револуционерен мал градски автомобил во којшто има доволно простор за четири лица и багаж.

Повеќе од 50% од каросеријата на автомобилот ќе биде направена од рециклирани материјали, а поради безбедносните, динамичките и просторните карактеристики, можно е Mirrow Provocator да биде класифициран како автомобил за потребите на бизнисмените.

Внатрешноста на овој руски автомобил потсетува на таканаречените мини – ван автомобили, но позицијата на возачот е слична како онаа на автомобилите од класата Е на Mercedes.

mirrov gif

Сите четири врати на автомобилот странични се отвораат, што го олеснува влегувањето на ограничен паркинг простор, додека петтата задна врата е лизгачка.

Основната верзија на овој автомобил е опремена со безбедносни ремени, а како опции ќе бидат достапни модерните активни системи (airbag, ABS, ESP и слично).

“Оригиналниот концепт на каросеријата на автомобилот обезбедува не само максимална безбедност, туку и ја отвора можноста за намалување на употребата на метални делови, коишто може да се заменат со полесни и помоќни елементи од полимер. Без губење на цврстината и силата на каросеријата, енергијата се апсорбира и употребува во итни ситуации“, стои на официјалната страница на Mirrow Provocator.

За погон се планира мал турбо бензин и дизел мотор со три цилиндари, а во план е и чиста електрична верзија.

Се очекува цената на овој автомобил да се движи од 3.500 до 4.000 евра.

mirrow provocator 1