Мисијата на ММФ денеска ја завршува посетата на Македонија

14

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд предводена од Ивана Владкова Холар, која од шести овој месец е во земјава, денеска ја завршува посетата на Македонија.

Тема на разговорите што Мисијата ги имаше со надлежните во земјата за време на престојот беше Пост-програм мониторинг (ППМ). Консултациите по членот 4 од оваа програма се редовна проверка која се врши кај сите земји членки што се приклучуваат на ММФ.

Процесот на Пост-програм мониторинг (ППМ) е наменет за земји членки кои имаат значителна преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани.