ММФ: Економијата на Македонија со раст од 3,4% оваа година

21

Економијата на Македонија годинава и следната 2015-та, според последната прогноза на Меѓународниот монетарен фонд, ќе има најголем раст во регионот. Во последниот извештај, ММФ предвидува македонската економија годинава да порасне за 3,4%, а следната за 3,6%, пренесува Миа.

Според извештајот, инфлацијата годинава ќе изнесува 0,6% и 2,3% следната година. Дефицитот  на тековната сметка е проектиран на 4,6% и 5,7% во 2015.

Растот на БДП во Црна Гора, според прогнозите, ќе биде 2,3% за оваа и 3,4% за следната година, во Албанија 2,1% годинава и 3,3% во 2015 година и во БиХ 0,7% за оваа и 3,5% за догодина. За Хрватска и Србија се предвидува рецесија.

ММФ пред годишниот состанок со Светска банка во Вашингтон ја намали прогнозата на растот за светската економија и се очекува раст на БДП  да биде 3,3% за оваа и 3,8% следната година.

Меѓународниот монетарен фонд двапати во годината објавува редовни прогнози за глобалната економија, на пролет и на есен. Од финансиската криза во 2008 година објавува и ажурирани меѓупрогнози за водечките економии и регионите во светот.